Втор град со најмногу активни случаи е Битола – 702. Четири града, пак, се со едноцифрен број на активни случаи

Во моментов во земјава има 8 472 активни случаи со ковид-19, покажуваат официјалните податоци од Министерството за здравство (МЗ).
Најголем дел од овие случаи се во Скопје – 3 862.
Според денешниот извештај од МЗ, во ниту еден друг град во земјава нема четирицифрена бројка на активни, а втор град со најголем број случаи е Битола – 702.
Следни се Прилеп со 423, Велес со 374 и Кавадарци со 319 активни случаи.
Меѓу градовите со најмалку случаи, пак, се Дебар со еден. Потоа, Дојран со четири, Македонски Брод со пет, Демир Капија со осум случаи.
Во продолжение погледнете ја табелата за ситуацијата со ковид-19 по градови.
