Ако Алтернатива мисли дека треба да биди дел од влада на СДСМ и ДУИ и на сето она што тие како багаж го носат со себе, криминал, корупција, сиромаштија, тогаш навистина искрено жалиме, порача денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за можноста Алтернатива да реши да ја напушти опозицијата и да стане дел од власта.
Алтернатива има две опции, едната е да го послуша гласот на граѓаните кои на овие локални избори гласно се спротивставија на политиките на СДСМ и ДУИ, или да тргне по трката за позиции и со тоа да се претопи во криминалното милје на Заев“,
порача Митева.
Митева истакна дека во моментот владата опстанува врз основ на, како што рече, киднапиран пратеник.
„Во однос на ситуацијата 60 – 60 во моментот можеме да кажеме дека власта се одржува врз основа на киднапиран пратеник на кој што гледаме дека му пропаѓа и она оправдување кое што го даде за таквиот чекор, а тоа е добивањето на датум за Европската унија“,
изјави Митева.
