Во текот на денешниот ден во земјава времето ќе биде ветровито, в долж Повардарието со засилен северен ветер.
Температурите ќе се движат во интервал од 10 до 18 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје слично време со утринска темератрура од пет степени и максимална дневна до 15 степени Целзиусови.
Како што информира УХМР, во недела утрото ќе биде постудено, а преку денот ќе преовладува сончево време. Од понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд.