Лидерите на СДСМ и на Алтернатива рекоа дека конечните одлуки ќе ги донесат органите на двете партии, кои би заседавале во вторник
Без конкретен договор за коалицирање во владата заврши денешната средба во Клубот на пратеници меѓу лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на Алтернатива, Африм Гаши. По неколкучасовните разговори, на кои присуствуваше и Димитар Ковачевски, чие присуство се протолкува како најава дека тој е наследникот на Заев на функциите во СДСМ и во Владата, двајцата лидери најавија дека ќе ги продолжат разговорие следната седмица.
Гаши и Заев рекоа дека одлуките ќе ги донесат партиските органи.
На прашање дали е можно СДСМ да ги подели функциите претседател на партијата и претседател на Владата, заев рече дека, со оглед на искуството од минатото, тој лично смета дека двете функции треба да ги извршува една личност. Сепак, како што рече, одлуката и за тоа ќе ја донесат органите на партијата.