Одлуката би требало да се донесе на партиски состанок, велат од партијата на Гаши за Фокус, но други детали не откриваат
Висок функционер на СДСМ потврди за „360 степени“ дека Заев Заев телефонски разговарал со Гаши и дека го поканил „доколку сметаат во некој од следните денови да седнат и да разговараат
Алтернатива наредниве денови ќе одлучи дали ќе ја прафати поканата на премиерот, Зоран Заев кој го покани лидерот на партијата, Африм Гаши да разговараат оваа партија да стане дел од парламентарното мнозинство, велат од Алтернатива за Фокус.
Одлуката би требало да се донесе на партиски состанок, но други детали од Алтернатива не откриваат.
Висок функционер на СДСМ потврди за „360 степени“ дека Заев Заев телефонски разговарал со Гаши и дека го поканил „доколку сметаат во некој од следните денови да седнат и да разговараат“.
Алтернатива има четворица пратеници во Собранието кои може да бидат одлучувачки за тоа кој ќе состави мнозинство во Собранието.
Во петокот, во интервју за „360 степени“, Гаши изјави дека сега не е добро да се оди на предвремени избори. Тој рече дека до тој момент сѐ уште не добил понуда од СДСМ, но, како што наведе, со оглед на тоа што партијата е во коалиција со Алијанса за Албанците и досега соработуваше со ВМРО-ДПМНЕ, принципиелно е прво да разговара со нив.