Сертификат за примена само една доза вакцина против ковид ќе важи до 14 ноември
Сертификат за примена само една доза вакцина против ковид ќе важи до 14 ноември, а потоа за влез во објекти од отворен и затворен тип, било да се угостиителски објекти, објекти за сместување, културни и спортски настани, кина, театри, молови и други ќе може да се влегува само со потврда за примени две дози вакцина.
Ваква одлука донела денеска Владата на седница.
Според оваа одлука, од 15 ноември за влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, ќе им бидат потребни:
– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.