Отсега македонските граѓани ќе можат да влезат во Италија поради работа, здравствени причини, образование или апсолутна итност
Италијанските власти објавија дека земјата отстранила неколку земји од списокот Д, меѓу кои и Македонија, во кој се вклучени трети земји на чии граѓани им е дозволен влез во Италија под одредени услови.
Според тоа, во согласност со ажурираните списоци на земји што ги објави италијанското Министерство за здравство, Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Брунеи, Либан, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Тајван, Хонгконг, Макао повеќе не се дел од списокот Д.
Сите овие земји сега спаѓаат во списокот Е за влез во Италија, што значи дека на патниците од овие земји им е дозволено да влезат во Италија за основни цели, само под услов да ги следат строгите правила за влез, објави SchengenVisaInfo.com.
Отсега македонските граѓани ќе можат да влезат во Италија поради работа, здравствени причини, образование, апсолутна итност или оние што се враќаат во својот дом или живеалиште.