Отфрлени се е и приговори на „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ и на Демократската партија на Турците за гласањето во неделата
Државната изборна комисија на денешната седница со четири гласа „против“ и три „за“ го отфрли приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива за избирачкото место 543 во Дебар.
Претставникот на АА и Алтернатива бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога. Според Лога, записникот од избирачкиот одбор е невалиден, бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на ИО.
Исто така, беше наведено дека претседателот на одборот на избирачкото место на денот на гласање бил разрешен од ОИК Дебар, но продолжил да ја врши функцијата. Членовите на ДИК од ДУИ и од СДСМ посочија дека во записникот нема забелешки за текот на гласањето, така што нема основа за поништување на гласањето.
ДИК не прифати ниту приговор на движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ, а ги отфрли и приговорите на Демократската партија на Турците.
ДИК денеска на седница одлучува за десетина приговори, од кои шест на Левица. До ДИК денеска се доставени приговори и од Твоја партија.
ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги повлекоа своите приговори за првиот круг од гласањето на локалните избори.