За разгледување и одлучување по приговорите, ДИК треба да закаже седница. Според роковникот, таа е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука
До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите за локалните избори што се одржаа во неделата. Уште два се поднесени за прекршување на изборниот молк.
Приговорите што се однесуваат на молкот се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, која од другите 13 има поднесено три кои се однесуваат за избирачки места во Центар, Сарај и Долнени.
СДСМ, пак, има четири приговори за постапката на гласање и утврдување на резултатите и тие се однесуваат на две избирачки места во Јегуновце, едно во Ѓорче Петров и едно во Македонска Каменица.
Другите шест се од Алијанса за Албанците и два се за гласање на избирачки места во Гостивар еден за Дебар и еден за Шуто Оризари.
До Комисијата четири приговори поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Едниот се однесува на избирачко место бр. 2121 во Општина Јегуновце, а вториот на избирачко место бр. 2118 во Општина Јегуновце. Останатите приговори се за избирачкото место бр. 2587/1 во Општина Ѓорче Петров и за избирачко место бр. 618 во Општина Македонска Каменица.
Еден приговор се однесува на сумирање на резултатите за градоначалник на Општина Гостивар и еден на сумирање на резултатите за членови на Совет на Општина Гостивар.
За разгледување и одлучување на приговорите ДИК треба да закаже седница. Според роковникот, таа е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, партиите ќе може да поднесат тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.