Според генералниот секретар на Алијансата, односите со Русија сега се на најниско ниво од студената војна, што не е причина да нема дијалог
Алијансата мора да продолжи да разговора со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, откако Москва ја затвори својата мисија поради „шпионскиот спор“.
„Односите меѓу НАТО и Русија сега се на најниско ниво од студената војна. За нас, тоа не е причина да немаме дијалог“,
рече Столтенберг на прес -конференција.
⚠️ LIVE soon ⚠️
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) October 20, 2021
Join me as I preview two days of Meeting of #NATO Ministers of Defence #DefMin https://t.co/bcAl5obEu9
Според дипломати, обидите за воспоставување нови комуникациски канали со Русија ќе значат потпирање на „жешката линија“ меѓу командантот на руската армија, Валериј Герасимов, и командантот на НАТО за Европа, Тод Валтерс, како и средбите на Столтенберг со министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, јави Ројтерс.
Русија, исто така, ја остави отворена вратата за дипломатија, преку својата амбасада во Белгија, откако ги замрзна официјалните состаноци во форматот Советот на НАТО-Русија.
Русија во понеделникот соопшти дека ќе ги прекине сите активности на нејзината дипломатска мисија во НАТО, откако Алијансата протера осуммина руски дипломати од мисијата заради шпионажа.