Нов Зеланд се бори со епидемија од делта-сојот на коронавирусот, кој се прошири надвор од Оукленд и соседните региони, и покрај острите рестриктивни мерки и забраната за влез на странски државјани во земјата
Во изминатите 24 часа, Нов Зеланд регистрира најмногу луѓе заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата, бидејќи делта-сојот се шири низ Оукленд.
Во изминатите 24 часа, 94 лица се заразија со коронавирус, од кои 87 беа во Оукленд, што го зголеми бројот на пациенти во последниот бран на 2 099. Досега 28 луѓе починаа како последица на ковид.
Нов Зеланд се бори со епидемија од делта-сојот на коронавирусот, кој се прошири надвор од Оукленд и соседните региони, и покрај острите рестриктивни мерки и забраната за влез на странски државјани во земјата.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, вчера изјави дека блокадата во најголемиот град во Нов Зеланд, Оукленд, ќе остане во сила уште две недели, поради борбата против епидемијата од делта-сојот.
Ардерн посочи дека нема да има промена во социјалните ограничувања што беа во сила во Оукленд во изминатите 63 дена.
Властите за последниот бран ги обвинуваат оние што не ги почитуваат воведените прописи и невакцинираните луѓе.
Нов Зеланд е меѓу многу малиот број на други земји што немале ниту еден случај на ковид-19 на почетокот на годината, но делта-сојот се појави во август.