За мене најголемата пречка е кога ќе забележам дека некој има предрасуди, такво нешто не е забележано кај Шилегов, рече лидерот на ДУИ
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на предизборен митинг во Сарај, освен поддршката за досегашниот градоначалник на оваа скопска општина Блдерим Беџети, ја реафирмира и заложбата Петре Шилегов, како кандидат на колаицискиот партнер СДСМ, да остане градоначалник на Скопје.
Во овие политички активности има договори, има партнерства. Имаме договори што ни донесоа придобивки како Албанци. Имаме договор за поддршка на кандидатот на нашиот коалициски партнер, Петрe Шилегов, кој работеше и не беше оптоварен сo предрасуди. За мене најголемата пречка е кога ќе забележам дека некој има предрасуди. Такво нешто не е забележано кај него и би ве замолил да го поддржите за градоначалник на Скопје, бидејќи тоа ќе биде во корист на општините Сарај, Чаир, Бутел, каде што многу активности се поврзани“,
рече Ахмети, како што пренесува „Слободен печат“.
Ахмети рече дека за една година фрлил две „бомби“ – за премиер Албанец и за зелената агенда.
„Ние се движиме кон остварување на визиите и кон иднината. Пред една година ја фрлив ‘бомбата’ за албанскиот премиер, па потоа втората ‘бомба’ за зелената агенда. Ова е добро изработен и проучен проект, таа е агендата на времето. Оваа земја мора да се изгради и ова е земјата што ќе ја оставиме како наследство на нашите потомци, но напредна и достоинствена и јас сум многу сигурен дека, како што ја направивме членка на НАТО, така наскоро ќе се направиме и членка на Европската Унија“,
рече лидерот на ДУИ.