Популарната социјална мрежа Инстаграм вечерва повторно работи со потешкотии, но нема официјално известување што се причините за ова.
Инстаграм е во сопственост на Фејсбук и пред неколку дена беше целосно нефункционална кога истото се случуваше и со Фејсбук и со апликацијата Ватсап.
Корисниците на Инстаграм, вечерва преку Фејсбук и Твитер алармираат дека апликацијата не работи.
На 4 октомври, се случи најголемиот застој во функционирањето на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, и речиси седум часа тие не беа достапни за корисниците.
Од Фејсбук им се извинија на корисниците, но во објавата немаше објаснување за причините за падот.
