Опфатот со вакцинација со една доза вакцина кај полнолетната популација е 47%, а со две дози се опфатени 44% од граѓаните над 18 години
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5 246 дози вакцини, од кои 1 253 се аплицирани како прва доза, 3 897 се ревакцинирани, додека 425 граѓани примиле трета доза вакцина.
Заклучно со 4 октомври, вкупно се вакцинирани 791 141 граѓани, а ревакцинирани се 737 979.
Педесет и три проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина кај полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.