Москва возвраќа за протерувањето на руски дипломат од Скопје во август годинава
Уште еден вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Русија е прогласен за персона нон грата. Ова е одговор за акциите на Скопје во август, соопшти руското МНР.
„На 4 октомври в.д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска, беше повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што ѝ беше врачена нота од Министерството со која се прогласува за вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва за персона нон грата“,
соопшти руското Министерството за надворешни работи, посочувајќи дека ја смета за сосема неоснована одлуката на македонското МНР од август годинава.
Во текот на една година, Северна Македонија им одзеде акредитации на двајца дипломати од Руската Федерација, објаснувајќи го ова со солидарност со Прага по дипломатскиот скандал околу бомбашките напади во Врбетица.
Северна Македонија протера еден вработен во руската амбасада на крајот на мај. Руското Министерство за надворешни работи потоа возврати и го прогласи македонски дипломат за персона нон грата.
Во август годинава македонското МНР прогласи за персона нон грата уште еден руски дипломат, за кој порталот „Алмакос“ јави дека бил заменик воено аташе во Скопје.