Утрово полицијата врши претреси и апси шверцери на артефакти во Тетовско и Битолско, дознава МИА од извори во истрагата.
Според нивните извори, досега уапсени се осум лица поради сомнение за присвојување добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости, а пронајдени се и повеќе предмети.
Од Министерството за внатрешни работи само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.