Како што информира Министерството за здравство, опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47 отсто, а со две дози се опфатени 43,5 отсто од граѓаните над 18 години
Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана против ковид, додека пак 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.
Како што информира Министерството за здравство, опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47 отсто, а со две дози опфатени се 43,5 отсто од граѓаните над 18 години.
„Во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 4 953 дози вакцини, од кои 1 282 се аплицирани како прва доза, 3 064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 септември, вкупно се вакцинирани 785 693 граѓани, ревакцинирани се 724 835, а трета доза примиле 137 граѓани. Вкупно 52 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“,
велат од Министерството.