Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 392 нови случаи на коронавирус
Регистрирани се 392 нови случаи на ковид-19 од 4 633 тестирања во последното деноноќие:
Скопје – 180,
Куманово – 32,
Кавадарци – 20,
Битола – 18,
Кочани – 17,
Прилеп и Велес – по 16,
Кичево – 14,
Тетово, Охрид и Штип – по 11,
Гевгелија и Крива Паланка – по 7,
Кратово – 6,
Радовиш и Валандово – по 4,
Ресен и Пробиштип – по 3,
Гостивар, Струмица, Делчево и Виница – по 2,
Неготино, Дебар, Берово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 339 излекувани пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: Осум од Скопје (98г, 82г, 79г, 79г, 79г, 74г, 69г и 69г), двајца од Кочани (89г и 82г) и по едно починато лице од Гостивар (80г), Тетово (46г), Велес (78г), Радовиш (68г), Штип (66г), Битола (86г) и Валандово (85г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, како што велат од Министерството за здравство, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза ковид-19, од „Мој термин“ пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт во период од 12 до 22 септември. Овие починати лица се: двајца од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67-93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 274 003 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 189 551, на оздравени пациенти е 170 734, на починати е 6 577, а бројот на активни случаи изнесува 12 240.