Ние се обидуваме да ја разбереме позицијата на Бугарија и тие се обидуваат да ја разберат нашата позиција, вели Заев и во интервјуто за виенскиот весник додава дека се направени чекори поблиску до решение
Премиерот Зоран Заев вели дека разговорите со Бугарија продолжуваат и оценува дека се направени чекори поблиску до решение.

„Мислам дека е можно да се постигне придвижување пред Божиќ, односно на Советот на ЕУ на 22 декември, бидејќи Бугарија до тогаш ќе избере нов парламент на 14 ноември, а вториот круг од претседателските избори таму ќе се одржи една недела подоцна. Така, тие имаат повеќе од еден месец да донесат одлука. Министрите за надворешни работи напорно работат на тоа. Ние се обидуваме да ја разбереме позицијата на Бугарија и тие се обидуваат да ја разберат нашата позиција“,
вели Заев во интервју за виенски „Стандард“
Премиерот Заев подвлече дека овој процес е билатерална работа, дека во него ЕУ е наш заеднички пријател и дека имаме целосна доверба во европските институции, се вели во соопштениетто од ввладината прес-служба.