Во Скопје има речиси 6 000 активно болни од ковид-19, што е близу половина од вкупниот број на активни случаи во земјава. Голем број заболени има и во Тетово и Куманово
Речиси половина од активните случаи на ковид-19 се во Скопје, покажуваат последните статистики на Министерството за здравство.
Со денешните 365 нови случаи на ковид-19 регистрирани во последните 24 часа, бројот на активни случаи во земјава изнесува 13 052 лица. Од нив, 5 833 случаи се од Скопје, каде од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 81 005 позитивни случаи на коронавирусот.
После Скопје, градови со најголем број заболени се Тетово со 1 016 случаи и Куманово каде има 914 активни болни од ковид-19.
Потоа следуваат Охрид – 668, Струга – 638, Гостивар – 530, Струмица – 518, Кичево – 445, Велес – 294, Прилеп – 284, Штип – 256, Битола – 249 и Кавадарци со 205 активни случаи на ковид-19.
Троцифрен е бројот на активно болни и во Дебар – 144, Кочани – 137, Радовиш – 119 и Свети Николе и Ресен каде како активно болни се водат по 109 лица.
Помал број на активни случаи има во Гевгелија – 77, Делчево – 68, Кратово – 54, Крива Паланка – 53 и Берово – 48, па следуваат Виница и Пробиштип со по 44 активни случаи, Неготино – 42, Валандово – 33, Македонски Брод – 32, Македонска Каменица – 22, Богданци – 20, Крушево – 15, Демир Хисар – 14, Пехчево – 10 и Демир Капија и Дојран каде има по 4 активни случаи.
Инаку, од почетокот на пандемијата досега регистрирани се 186 914 позитивни случаи на ковид-19 од 1 252 094 тестирања. Од нив,167 402 лица се водат како оздравени, а 6 460 се починати.