Ќе се потпишат и повеќе договори од областа на инфраструктурата, дијаспората, туризмот, безбедноста, иновациите и технолошкиот развој
Владите на Северна Македонија и Косово денеска во Скопје ќе ја одржат првата заедничка седница во целосен состав, предводена од премиерите Зоран Заев и Албин Курти.
Според најавите од Владата, пред почетокот на заедничката седница ќе има церемонија за официјален пречек и тет-а-тет средба на двајцата премиери, како и билатерални средби на министрите во владите на двете земји.
„Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш после средбите на премиерите и министрите и на неа е предвидено свечено потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка“,
информираат од владината прес-служба.
Договорите, како што посочи на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иновации и технолошки развој и други области.
Заев и Курти ќе одржат и заедничка прес-конференција.