Владата, на вчерашната 106-та седница ги утврди пакетот договори и меморандуми за соработка со Косово, кои што се предвидени да бидат потпишани на заедничката седница
Владите на Република Северна Македонија и Република Косово утре во Скопје ќе одржат заедничка седница, на која ќе се потпишат низа договори и меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави.
Договорите, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамед Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области.
Од тие причини од МВР информираат дека ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците на поширокото централно подрачје.
Полицијата апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено одвивање на сообраќајот.