Бројот на активни случаи изнесува 13 027, од кои речиси половината се во Скопје
Министерот за здравство Венко Филипче денеска по средбата со директорите на клиниките, на Фејсбук напиша дека вирусот во моментов има широка инфекција, дека се во постојана координација и комуникација со епидемиолозите, дека ситуацијата се следи и доколку е потребно ќе се дејствува со нови мерки
Во последните 24 часа починале 32 лица како последица на ковид, а од направени 4 621 тестирања, регистрирани се 617 нови заразени или 13 отсто од вкупниот број тестирани, објави вечерва Министерството за здравство.
Починатите лица се на возраст од 40 до 86 годишна возраст: 10 починати лица од Скопје (83г, 75г, 74г, 73г, 71г, 69г, 69г, 64г, 63г и 55г), 4 починати лица од Струмица (82г, 70г, 59г и 58г), 3 починати лица од Гостивар (74г, 64г и 53г), по две починати лица од Куманово (66г и 52г) и Тетово (81г и 78г), по едно починато лице од Прилеп (83г), Кичево (41г), Македонски Брод (40г), Кавадарци (71г), Гевгелија (68г), Пробиштип (63г), Богданци (49г), Охрид (80г), Дебар (61г), Струга (86г) и Валандово (81г).
Од пријавените 32 лица, 29 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Новите случаи се: Скопје – 314, Куманово – 47, Струмица – 29, Штип – 26, Кавадарци и Кичево – по 19, Охрид – 18, Велес, Свети Николе и Радовиш – по 14, Ресен – 13, Гостивар и Кочани – по 12, Тетово и Битола – по 10, Прилеп и Струга – по 8, Крива Паланка – 6, Берово – 5, Пробиштип – 4, Кратово – 3, Гевгелија, Неготино, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 2, Дебар и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 450 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковиид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184 893 бројката на оздравени пациенти е 165 527, на починати е 6 339, а бројот на активни случаи изнесува 13 027.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 80036, Активни 5 788
Куманово 10861, Активни 903
Тетово 10681, Активни 1082
Прилеп 8843, Активни 270
Гостивар 7897, Активни 614
Битола 6887, Активни 261
Велес 5965, Активни 251
Охрид 5741, Активни 617
Кавадарци 5667, Активни 191
Струмица 5527, Активни 506
Штип 5487, Активни 222
Кичево 3836, Активни 492
Струга 3736, Активни 647
Кочани 3093, Активни 118
Гевгелија 2336, Активни 65
Неготино 2282, Активни 37
Свети Николе 1800, Активни 114
Ресен 1486, Активни 113
Радовиш 1446, Активни 111
Дебар 1434, Активни 170
Крива Паланка 1333, Активни 55
Берово 1187, Активни 52
Делчево 1098, Активни 62
Виница 994, Активни 43
Пробиштип 883, Активни 46
Валандово 772, Активни 31
Богданци 540, Активни 20
Крушево 518, Активни 15
Кратово 512, Активни 55
Македонски Брод 456, Активни 29
Демир Хисар 420, Активни 12
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 308, Активни 10
Македонска Каменица 286, Активни 17
Дојран 139, Активни 4
Министерот за здравство Венко Филипче денеска по средбата со директорите на клиниките, на Фејсбук напиша дека вирусот во моментов има широка инфекција, дека се во постојана координација и комуникација со епидемиолозите, дека ситуацијата се следи и доколку е потребно ќе се дејствува со нови мерки.
Исто така, Филипче вели дека претстојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира, но дека дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент.