Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во која се и вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, пристигна во Тирана на покана на германската канцеларка Ангела Меркел, која ја има последната посета на регионот пред заминувањето од функцијата.

Покрај нашата, во Тирана се и делегации од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
Меркел ќе има работен ручек со лидерите од Западен Балкан, а попладне и билатерални средби.
Од Владата велат дека на средбата помеѓу Заев и канцеларката ќе се разговара за трговската размена помеѓу Северна Македонија и Германија, политичките околности за понатамошното проширување на ЕУ и иницијативата „Отворен Балкан“ чија главна цел е забрзана интеграција на регионот во ЕУ.