До 18 часот денеска попишани се вкупно 502 илјади лица во државава, објави Државниот завод за стаистика (ДЗС) и информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.
„Попишани над 500 000 граѓани! Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас“,
објави ДЗС на официјална Фејсбук страница за попис 2021.
До пред два дена пописните активности течеа со намален интензитет, како што објаснија од ДЗС причината било техничко усогласување.