Минатата недела неколку дена пописот беше во застој поради технички интервенции во апликацијата, како резултат на проблеми што се појавија на вториот ден од почетокот на операцијата
Вкупно 419 485 лица, 129 614 домаќинства и 173 439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192 538 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
Минатата недела неколку дена пописот беше во застој поради технички интервенции во апликацијата, како резултат на проблеми кои се појавија вториот ден од почетокот на операцијата.