Премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и министерот за здравство Венко Филипче предмалку стигнаа кај модуларната ковид-болница во Клиничкиот центар во Тетово, која вечерва целосно изгоре. Во моментов прават обиколка на болницата, а на кратко разговараа и со роднините на лицата кои биле во болницата и чекаат пред изгорениот објект.
Алсат јавува дека засега не се предвидени изјави пред местото на пожарот. Заев, Ахмети, Филипче и другите функционери од власта веројатно ќе се упатат кон кризниот штаб лоциран во зградата на Општина Тетово.
Како што веќе изјави вториот човек на противпожарната единица на градот, при гасењето на пожарот кој избувна во модуларната ковид болница биле вадени жртви, но засега не се знае бројот на починати и повредени.