Премиерот Зоран Заев во своите настапи постојано укажува дека пописот нема да биде одложен и ќе се спроведе во утврдениот рок од 5 до 30 септември, иако ДЗС има проблем да обезбеди доволен број попишувачи
Владата денеска донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органи на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции.
Владата ова им го препорача и на единиците на локалната самоуправа, како и на институциите под нивна надлежност.
Премиерот Зоран Заев во своите настапи постојано укажува дека пописот нема да биде одложен и ќе се спроведе во утврдениот рок од 5 до 30 септември, иако ДЗС има проблем да обезбеди доволен број попишувачи.
Заев потенцира дека приходите за попишувачите се 25 000 до 45 000 денари за 25 дена анкетирање, апелирајќи граѓаните да се пријават како попишувачи, посебно во реоните каде што има дефицит.