Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, објави министерот за здравство по состанокот со Комисијата за заразни болести
Епидемиолошката состојба од ден во ден станува се посериозна, оцени министерот за здравство Венко Филипче, по утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација, Александра Грозданова.
Менаџирањето на ситуацијата, како што посочува Филипче на Фејсбук, индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога во сила стапуваат новите мерки.
„Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и ќе продолжи. Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот“,
напиша Филипче.