Според медиумските извештаи, моменталната ситуација на вториот по големина грчки остров, кој е најзагрозен од пожарите што ја опустошија оваа медитеранска земја, е многу подобра од вчера, односно сите пожари се под контрола, нема отворен пламен, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот, бидејќи под опожарените борови уште тлее земјата и трупците
На островот Евија вечерва околу 22 часот ненадејно започна да врне, што треба да им ја олесни работата на пожарникарите во наредните денови, јавуваат телевизиските екипи од самото место.
Според медиумските извештаи, моменталната ситуација на вториот по големина грчки остров, кој е најзагрозен од пожарите што ја опустошија оваа медитеранска земја, е многу подобра од вчера, односно сите пожари се под контрола, нема отворен пламен, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот, бидејќи под опожарените борови уште тлее земјата и трупците.

Со денови Евија беше главна вест во светот поради вознемирувачките видеа и фотографии од пожарите со катаклизмични размери. Сателитите на ЕУ објавија шокантна снимка од опожарената шума, која покажува дека островот Евија во горниот, северниот дел не е зелен, туку црн.
Во моментов, според присутните на островот нема чад, туку нешто како смог во зима.
На грчките пожарникари им пристигнаа полски, словачкии српски колеги кои синоќа учествуваа во спречувањето на ширење на пожарот во селото Авгари.