Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета
Јачината на потресот е 7,1 степен според Рихтер што се смета за многу силен и предизвикува одредени оштетувања
Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди вечерва Филипините.
Американскиот геолошки завод објави дека епицентарот на земјотресот е регистриран во регионот Пондакиран, на околу 80 километри од крајбрежниот град Матија, на длабочина од 65,6 километри.
Пацифичкиот центар издаде предупредување за можно цунами во таа филипинска област по земјотресот.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
Земјотресот со јачина од 7 до 7,9 степени според Рихтеровата скала се смета за многу силен.
Предизвикува оштетување на повеќето згради, од делумно до целосно уривање или сериозна штета. Стабилни бетонски конструкции, исто така, може да претрпат оштетувања. Најголема штета предизвикува во дијаметар од 250 километри околу епицентарот.