Денеска била измерена температура од 48,8 степени Целзиусови, објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“, повикувајќи се на изјавите на сицилијанската метеоролошка служба
Градот Сиракуза на Сицилија регистрираше највисока температура некогаш забележана во Европа.
Според Индипендент, во градот Сиракуза, кој се наоѓа на југоисточниот брег на островот, денеска била измерена температура од 48,8 степени Целзиусови, објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“, повикувајќи се на изјавите на сицилијанската метеоролошка служба.
„Опасен топлотен бран во моментов се шири низ Северна Африка и јужна Европа. Фокусот на брановите ќе се движи кон запад и север во наредните денови, и очекувам нови рекорди на топлина“, рече Данкан Скот, шкотски метеоролог.
Сицилија летово се бори со пожари, поради што на 8 август беше прогласена шестмесечна вонредна состојба.