И покрај мноштвото критики, полската владејачка партија Право и правда не се откажува од намерата да ги национализира медиумите, повикувајќи се на националната безбедност
Протести се одржуваат вечерва во Полска против закон со кој, според критичарите, владејачката партија се обидува да ги задуши независните медиуми.
Незадоволството на граѓаните е предизвикано од обиди на полските власти да замолчат независна американска телевизија, која инаку ја критикува Владата, така што, како што се проценува, овој закон технички ќе ги спречи неевропските сопственици да имаат удел во полските медиумски куќи.
Практично, тој закон ќе ја присили американската медиумска куќа Дискавери инк. да го продаде својот удел во мрежата ТВН, која емитува голем број канали, но и каналот за вести ТВН24, кој има најголема, милионска гледаност на информативна програма.
Се проценува дека усвојувањето на тој закон ќе ја загрози репутацијата на Полска како земја во која медиумите се слободни и каде што медиумскиот простор е отворен за странски компании. Предлог -законот доведе до заострување на односите со САД, клучен сојузник на Полска.
Меѓутоа, полската владејачка партија Право и правда не се откажува од намерата да ги национализира медиумите, повикувајќи се на националната безбедност.