Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, падна на петтото место на листата на најбогати луѓе во светот по разводот со сопругата Мелинда, објави магазинот „Форбс“.
Гејтс се премести од четвртото на петтото место, зад основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, откако на својата поранешна сопруга ѝ префрли хартии од вредност во вредност од околу 5,6 милијарди долари.
Компанијата што управува со имотот на Гејтс, „Каскад инвестмент“, не е должна да ги открие сите трансакции што милијардерот ги направил кон поранешната сопруга. Тоа е задолжително само ако се префрлат повеќе од 5 отсто од акциите на компанијата. Така, сумата што ѝ ја плати основачот на „Мајкрософт“ на својата поранешна сопруга веројатно е уште поголема. Исто така, не е познато дали ќе следуваат нови трансакции.
Бил и Мелинда Гејтс ја прекинаа постапката за развод минатата недела. Во последните месеци се појавија разни шпекулации за причините за разделбата на двојката. „Волстрит џурнал“ објави дека Гејтс бил принуден да поднесе оставка од бордот на директори на „Мајкрософт“ во 2020 година поради истрага за наводите за несоодветни односи со еден од вработените.