Повеќето од 143 заразени се со делта-сојот
Во изминатите 24 часа, 143 лица се заразени со коронавирусот во Кина, објави Националната здравствена комисија.
Официјалните лица наведуваат дека повеќето од пациентите се заразени со делта-сојот.
Во соопштението се наведува дека ова е најголем број заразени лица од 20 јануари. НЗК, 108 лица заразени се на локално ниво, додека останатите се „увезени“ од странство.
Повеќето од заразените локално се од провинциите Џиангсу и Хенан.
Од почетокот на пандемијата, 93 969 луѓе се заразени со вирусот корона во Кина, а починаа 4 636.