Директорот на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург тврди дека вакцинацијата против ковид-19 ќе може да заштити едно лице од вирусот повеќе од две години
Со создавање ефективни средства за борба против ширење на ковид-19, тоа во иднина ќе биде болест што може да се контролира со вакцина, како што е грипот, рече директорот на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
„Болеста ќе поминува како грип, во смисла дека ќе преземеме соодветни мерки, а тоа значи значи да се бориме против тој вирус и да го истуркаме од категоријата нови болести во категоријата болести контролирани со вакцини – како што се сипаници (мали сипаници), рубеола и други. Ќе научиме како да се заштитиме“,
рече еден од креаторите на руската вакцина против коронавирусот „спутник В“ во документарниот филм „Додека сме живи – ќе живееме“.
Гинцбург тврди дека вакцинацијата против ковид-19 ќе може да заштити едно лице од вирусот повеќе од две години.
„Во процесот на еволуција на вакцината беше развиен таков механизам што наместо антитела се формираат таканаречени мемориски клетки. На пример, ако некое лице прво формирало 100 мемориски клетки, тогаш поради втората доза на вакцината веќе биле формирани 10 000 мемориски клетки. Ако со примање една доза постои гаранција дека ќе бидете заштитени од мемориски клетки од три до пет месеци, тогаш со примање две дози ќе бидете заштитени повеќе од две години“,
објасни директорот на „Гамалеја“.
Вакцината „спутник В“ доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија на 11 август, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот. До денес вакцината „спутник В“ е регистрирана во 69 земји со вкупно население од над 3,7 милијарди луѓе.