Министерството за внатрешни работи соопшти дека во врска со настанатите пожари во селата Погулево и Дамјан, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода И.О. од село Тополница.
Тој откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот.
„На подрачјето на ОВР Радовиш на неколку метри оддалеченост имаше три пожари од кои тој во с. Погулево е изгаснат, кај с. Парналија и Супурге е локализиран, а на влезот од с. Дамјан се преземаат мерки за негово гасење“,
стои во соопштението.