На Клиниката за детски болести е донесен лекот Калидеко, терапија за пациентите со цистична фиброза кои се носители на III -klasa CFTR “gatting” мутација, информираат од Министерството за здравство.
Оттаму велат дека оваа терапија која ја набавило Министерството е за тројца пациенти кои ја имаат оваа ретка болест со што им обезбеди лек за цела година.
„Министерството за здравство почнувајќи од 2017 година е во редовна комуникација со здруженијата на пациентите со ретки болести, а со таквиот пристап значајно се зголемија буџетите во делот на ретките болести. После три години иницијални состаноци значајно е зголемен и бројот на лековите кои се вклучени во програмата за ретки болести и се бесплатни за овие пациенти“,
се вели во соопштението.
Од МЗ посочуваат дека со ребаланс на Буџетот за 2021 година за третман на пациенти со ретки болести се обезбедени 580 милиони денари што е значително повеќе споредено со 2017 година кога за буџетот на оваа програма биле издвоени 214 милиони денари.