Крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави соопшти дека запленила „импресивни количества кокаин и канабис во вредност од приближно 1,4 милијарди долари за време на неколку операции на Флорида“.

„Ова е најголемото истоварување на нелегална дрога во историјата на крајбрежната стража,
рече командантот Стивен Полин.
Тој прецизира дека станува збор за околу 27 тони кокаин и речиси 650 килограми канабис.

„Овие заплени беа извршени од неколку единици на крајбрежната стража со помош на канадската морнарица и со воздушна поддршка на граничната полиција на САД“,
рече капетанот Тод Венс.
Според него, овие екипи и нивните напори нанеле голем удар во борбата против криминалните мрежи и нивното дестабилизирачко влијание. „На тоа сме сведоци во Централна Америка и на јужната граница на нашата нација“, додаде тој. Властите соопштија дека количината на запленетата дрога била двојно поголема од онаа што ја заплениле американските власти во 2020 година.