Во текот на Економскиот форум, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за да ја докаже веродостојноста на идејата и целта на регионалната соработка, го прекина премиерот на Албанија, Еди Рама, во текот на одговарањето на прашањата, со барање да остане забележано дека се што зборува Рама, односно за вредности за кои зборува, тој однапред се потпишува како да се негови.

„Драги пријатели, не знам што ќе каже Еди за ова, но што и да одговори, 100 проценти од тоа што ќе го каже, јас веднаш ќе го потпишам. Само да знаете однапред, секој збор“,
рече Вучиќ.
На ова возврати премиерот на Албанија, Еди Рама, кој, на шега, кажа дека не е сигурен дека Вучиќ би потпишал баш се што тој ќе каже.
„Сега сака да му кажам да го признае Косово, ама тој тоа нема да го потпише“,
рече Рама.