Во вчерашната акција на Министерството за внатрешни работи за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената вкупно се изречени 378 казни ширум државата. Од нив, 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“,
велат од МВР.