Премиерот на Албанија, Еди Рама кој учествуваше на 23-то издание на „Сими Симпозиум“ што се одржува во Атина, во организација и под покровителство на поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу во своето обраќање уште еднаш ја потенцираше важноста на интеграцијата на Балканот во ЕУ.
На настанот на кој учествуват познати јавни личности од бизнисот и од политиката, Рама ја коментираше одлуката на ЕУ да го одложи почетокот на пристапните преговори со Албанија и со Северна Македонија, по ветото на Бугарија.

„Ставот на официјална Софија е резултат на она што Бугарија го научи во рамки на ЕУ, од големите земји. Научи дека можете да ја користите локалната политика за да ги спречите останатите. На Балканот кога се копира се оди и подалеку од оригиналот. Со ова што се случува сега, ние сме дополнително попречени од национализмите на ЕУ. Патот на интеграцијата во ЕУ зависи од национализмите на ЕУ. Зборувам за национализмите на важните земји кои држат заложници водачи, кои сè уште не се националисти ама стануваат жртви на овие игри“
вели Рама
Рама додаде дека во Албанија била подготвени за старт на преговорите, бидејќи тоа им го кажале од Европската комисија во Брисел.
„Кога Европската комисија го вели тоа, значи дека сте подготвени да продолжите понатаму. На првата свадба, невестата не дојде. Не дојде ниту на втората. Ние не се ни подготвуваме за третата свадба. Ние не можеме да продолжиме само да се надеваме на нешто, “
истакна Рама.