Опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива очекуваат да освојат до 10 општини на претстојните локални избори. Ова го изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во интервју за весникот ЛАЈМ. Тој вели дека од 15 јули ќе започнат со откривање на имињата на кандидатите.
Таравари очекува изборите да бидат демократски, нешто што најмногу зависи од власта.
„Тенденцијата на нашата коалиција е да се натпреваруваме и да имаме фер политичка трка во сите општини. Се надеваме дека ќе биде демократски избор. Тоа зависи повеќе од власта. Нашата цел е да победиме од 8 до 10 општини“,
рече Таравари
Според Таравари со помошта на фингерпринтот веќе нема да може да се злоупотребуваат албанските гласови, со што смета дека ќе се направаат промени на локално ниво ширум државата и автоматски ќе се барат или предвремени парламентарни избори или ново парламентарно мнозинство.
*ПОВРЗАНА ВЕСТ: Заев објави 30 кандидати за градоначалници: Шилегов за Скопје, Николов за Штип, Георгиевски за Охрид, Халими за Арачиново…