Четири лица, меѓу кои и еден вработен од кумановскиот затвор се повредени во физичка пресметка во затворот К’шање, соопшти СВР Куманово. Инцидентот се случил вчера напладне.
„Во затвор во К’шање настанала физичка пресметка помеѓу осум лица, од кои четири се повредени со остар предмет, меѓу кои и еден затворски службеник. На повредените им е укажана лекарска помош, а кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот“,
информира СВР Куманово.