Три лица на возраст од 61, 22 и 21 година од Скопје вчера се приведени, а по едно 21-годишно лице е распишана потрага, откако при претрес на дом и други простории врз основа на судска наредба на подрачјето на Сингелиќ била пронајдена марихуана.
Акцијата ја спроведе Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи во содејство со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје.
По комплетирање на целокупната документација за кривично-правниот настан, од страна на СВР Скопје до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
