Камчев беше хоспитализиран на 30 јуни, по барање на бранителите, откако се пожалил на гушење и болки во градите. На 16 јули е закажано првото рочиште за предметот „Плацевите на водно“
Бизнисменот Орце Камчев од вчера повторно се наоѓа во истражниот затвор „Скопје“, откако претходно неколку дена помина на Клиниката за кардиологија, бидејќи се жалеше на здравствени проблеми, објави Фокус, повикувајќи се на изјава на директорот на затворот Филип Андов.
Камчев беше хоспитализиран на 30 јуни, по барање на бранителите, откако се пожалил на гушење и болки во градите.
Пред две недели на Камчев му се одредени нови 30 дена притвор за предметот „Плацеви на Водно“ поради опасност од бегство, а судењето се очекува да почне на 16 јули.
Орце Камчев, во март, кога му беше одреден првиот притвор, негираше дека сакал да бега, иако за тоа според тврдењата обвинителката Лиле Стефанова и Судот добиле допис од Агенцијата за национална безбедност.