Педесет и едногодишниот скопјанец починал од бактериска инфекција, а информацијата ја потврди и министерот Филипче. во интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ денеска изјави дека инфекции во интензивните неги од специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас
Педесет и едногодишниот скопјанец на кого му беше пресадено срце пред скоро еден месец починал пред неколку дена на Клиниката за кардиохирургија поради бактериска инфекција, објави ТВ 24.
Информацијата утринава ја потврди и министерот Филипче. .
Министерот Филипче во интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ денеска изјави дека инфекции во интензивните неги од специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас.
„Други пациенти со трансплантација имале таква форма на инфекција, па се излекувале. Не значи дека, ако има инфекција, дефинитивно нема да се спаси. Тоа е еден процес кој го има на интензивните лекувања на пациенти кои престојуваат заради друга болест“,
изјави Филипче во „Утрински брифинг“.
Според Клиниката за кардиохирургија паациентот бил во тешка состојба, со пулмонална хипертензија и белодробна инфекција.
Тројцата други пациенти со трансплантирано срце се во добра состојба-двајца се дома, а третиот се оправува и нема индикации за отфрлање на срцето.