Лидерот на ДУИ и пратеник го врачи признанието на маргините на „Преспа форумот за дијалог“, а по повод 30-годишнината на независноста на земјава
Лидерот на ДУИ и пратеник, Али Ахмети, во име на Министерството за надворешни работи, му врачи признание на поранешниот специјален претставник на ЕУ, Ален Ле Роа.
Ахмети го врачи признанието, во име на МНР, на маргините на „Преспа форумот за дијалог“, а по повод 30-годишнината на независноста на земјава, како што објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот ФБ профил.
Османи вели дека признанието го доделил Али Ахмети бидејќи Ле Роа бил специјален пратеник на ЕУ на стартот на имплементацијата на Охридскиот договор, што го смета за исклучително важен период за нашата држава.
„Амбасадорот Ле Роа е поранешен специјален претставник на ЕУ, во исклучително важен период за нашата држава, почетокот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Во оваа насока, признанието за неговата улога му го предаде господинот Али Ахмети“,
напиша Османи на Фејсбујк.