Признанието на координаторот на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа му го врачи министерката Царовска, а во име на Владата
Специјално признание, за исклучителен придонес во меѓународната промоција на нашата земја, доби денеска на поранешниот австриски вицеканцелар и координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа Ерхард Бусек, во рамките на „Преспа форум за дијалог“.
Признанието, во име на Владата, му го врачи министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Од името на Владата и на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија ви го врачувам ова признание и искрено ви се заблагодарувам за вашата безрезервна, посветена и силна поддршка што ја дадовте и сé уште ѝ ја давате на нашата земја. Ние помладите генерации политичари треба да го следиме вашиот пример и да учиме од вашето богато искуство, со што ќе придонесеме за силно партнерство и заеднички напредок на регионот”,
рече Царовска.
Бусек е еден од силните поддржувачи на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан. Исто така, беше координатор на Југоисточната иницијатива за соработка и Претседател на институтот за Дунавскиот регион и Централна Европа.