Претседателот на Владата Зорана Заев утре ќе одржи онлајн-состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ и со албанскиот премиер Еди Рама, за подобрување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“
Вучиќ претходно изјави дека очекува на состанокот да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природни катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал.
„За нас е од големо значење системот на работни дозволи, каде што оној што ќе добие работна дозвола на територијата на една од трите земји ќе има работна дозвола во сите три земји“,
рече претходно Вучиќ.
